Tри икони од црквата св. Богородица во Ѓавато треба да бидат вратени од Албанија во Битола


Три икони дел од иконописот на црквата Св. Богородица во селото Ѓавато, битолско, пет од црквата Св. Атанасиј од селото Долно Перово, ресенеско, три од црквата Св. Никола од селото Радожда, струшко , пет од црквата Св. Атанасиј од селото Селци струшко и три од иконописот на црквата Св. Богородица од селото Буринец струшко се икони кои Албанија ќе и ги врати на Македонија.
За албанската министерка за култура Елва Маргарити овој симболичeн чин ја претставува добрата соработка на двете земји.

фото: vlada.gov.mk


-Со партиципација на ООН и САД мислам дека ова е голем чекор во градењето на меѓусебните односи. Албанија ќе продолжи со мониторирање и со поддршката што ја имаме од САД зa ваквите чекори, драго ми е што беше позитивно одговорено на нашиот повик од страна на Македонија. Мојата земја го направи тоа што и други европски земји го направиле претходно, Франција и враќаше артефакти на Африка итн. Ние сме свесни дека пред нас се големи предизвици и ќе направиме уште повеќе во ова насока.

извор: vlda.gov.mk


-По речиси 9 години постојана комуникација и заложби од двете земји и во делот на правната регулатиvа и во делот на стручноста, тиmовите успеаја да ја финализираат оваа постапка со што овој пример ќе остане запишан како прв случј на успешно изведена реституција во современата историја на нашата земја – рече денеска домаќинот на заедничката седница, македонската министерка за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, заблагодарувајќи се на својата албанска колешка , но и на сите кои учестувале во оваа исклучително сложена и деликатна постапка.
Во 2013 година на територијата на Република Албанија биле запленети голем број икони и црковни предмети , а по сомневањата на тамошните надлежни органи дека 20 икони се од Македонија, направен бил увид од македонски експерти од Истражувачкиот центар за културно наследство на МАНУ кога и официјално се утврдило дека се работи за икони кои биле изработени на македонски начин во 19 век. Д-р Сашо Цветковски денеска за ТВ Сител најави дека во тек е и постапка за вачање на други 40 икони.
Со оваа информација и 9 годишна меѓусебна комуникација министерствата за култура на двете земји, особено Албанија скоро цела деценија го изодила патот на правните и институционални лавиринти за да може иконите да се вратат дома. За тоа бил и заведен судски спор во судот во Тирана.


1082

Задолжително

Verified by MonsterInsights