Ковачевски-Рама: Македонија и Албанија имаат заедничка цел за брза европска интеграција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, кој претходно беше пречекан со сите државнички почести.

На средбата премиерите на двете земји ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво.

Премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.

На средбата се дискутираше и за евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните, во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката.

Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји, се од голема важност и за економскиот развој, како и за продлабочување на бизнис соработката меѓу стопанствениците од двете земји. Негувањето на добрите релации, поврзување на народите, инфраструктурно зајакнување меѓу двете земји е од голема важност за натамошен напредок, беше заклучено на состанокот.

Извор: Влада на РСМ


1067

Задолжително

Verified by MonsterInsights