April 20, 2024

МНР: една македонска државјанка повредена во Истанбул од паничните турканици

И 24 часа по вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција немаат информации за директно настрадани или повредени македонски државјани во инцидентот, соопшти денеска МНР.

„Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека таа е веќе вратена во земјата“, информира МНР.

Информираме дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош; притоа напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактират на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.


Министерството информира дека по експлозијата во Истанбул, преку Генералниот конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара, е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од земјава. „Во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Истанбул како и Амбасадата во Анкара.“

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул се вели во нивното соопштение.


Извор фото: birn-prizma


1023