Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, неговото производство го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ
Синоќа околу полноќ oд електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Денеска од компанијата до медиумите и јавноста пристигна информацијата дека
„Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа. Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата. Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.“
