March 28, 2024

ВАЛДЕРА – НОВО ИМЕ НА МАКЕДОНСКАТА РОК СЦЕНА

„Јас сум Валдера и јас сум тука на македонската музичка сцена за да променам некои работи, за стандардот пак да биде на повисоко ниво каде што публиката ќе бара добри песни и хитови, а од пејачите ќе бара да пеат во живо како што доликува да се пее, наместо сите да се кријат позади студиски трикови. Јас пишувам мои песни од срце, и од срце ги пеам. Некои од вас ќе ме сакаат, а некои нема. Тоа е сосема во ред бидејќи тоа ми кажува дека сум се презентирал искрено пред сите. За тоа е всушност и мојата песна “Уживам”. Можеби тоа е порака да ве потсети дека животот треба да се живее на свој начин и да престанеме да се грижиме за негативното мислење и зборење на другие луѓе за нас“ – вели новиот рокер на македонската музичка сцена – Валдера.

Валдера пред неколку дена ја промовираше својата деби-песна „Уживам“, зад која тој се потпишува како комплетен автор. На прашањето кое е неговото вистинско име и презиме, тој не сака да открие. „Јас сум Валдера, низ музиката која ја создавам ќе дознаете се за мене“.


1019