БОБАН ИЛИОСКИ Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО КИК БОКС
Бобан Илиоски е европски шампион. Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.
Ова е втор медал за Македонија на ЕП, откако Викторија Варадинова се закити зо бронзен медал.
Резултати Европско првенство:
Лоу кик – 86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0