December 5, 2022

Познатиот пејач Јашар Ахмедовски кој потекнува од прилепско Лажани е познат како некој кој многу се грижи за својот изглед, а тоа не се двоуми да го покаже на социјалните мрежи. Тој редовно објавува фотографии од тренинг и од теретана, на кои може да се види неговото затегнато тело и извајани мускули.

Овој пат до израз дојдоа неговите бицепси, а следеа бројни коментари со кои му порачаа дека може да ја смени професијата и да стане ММА борец.

– Луѓе, се плашам од Јашар. Види, голем бицепс. Тој микрофон повеќе нема да се земе. Сака тој во ММА – напишаа во нивни стил, а коментарите само продолжија да се редат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *