Могила засега рекордер во одобренија за поставување фотоволтаици

Три правни добиле, а четири физички лица досега од Општина Могила се непосредно пред добивање дозвола за градење на мини фотоволтаични централи.
Ова како бројка стои пред многубројните барања и иницијативи за за изработка на урбанистичко планска и проектна документација за поставување на фотонапонски панели на земјиште во сопственост на физички лица што во Општина Могила стигнале во текот на 2021 и 2022 година, стои во пишаниот одговор што деновиве го добивме од Клара Тодоровска, советник за просторно и урбанистичко планирање во оваа општина во Пелагонискиот регион.

Прашањата за бројот на поднесени барања, процедурата и времетраењето на процесот Пеланет ги испрати до секоја од пелагониските општини. Иако можноста секој за себе да произведува струја од обновливи извори (фотоволтаици) неодамна ја отвори министерството за економија, ни процесот е ефтин, ниту едноставен. Општините треба да ја спроведат целата работа.
„Во 2021 година на нашата територија во н.м Вашарејца, донесен е УПВНМ за поставување на фотонапонски панели со две градежни парцели (капацитет до 1MW), за правно лице и за истото во оваа година се издадени одобренија за градење. (во тек од страна на комисијата за урбанизам е разгледување на поднесена иницијатива од истиот сопственик за проширување на опфатот за истата намена). “-вели Тодоровска.

„Во 2022 година издадено е одобрение за градење на фотонапонски панели кои се градат на земјиште во Стопански комплекс Петилеп исто така за правно лице. Во моментот во завршна постапка е издавање на решение за поставување на фотонапонски панели на кров на објекти поднесено од правно лице на локација во н.м. Могила со капацитет од 246,4kW.“
„Прифатени се 4 иницијативи за изработка се Урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план за поставување на фотонапонски панели кои согласно Закон се вградени во Годишната програма за изработка на урбанистички планови на Општина Могила и за истите започната е постапка за изработка на урбанистичка документација од страна на овластени правни лица. Сите се иницирани од физички лица.“

„Согласно Закон за урбанистичко планирање (Сл. В. на РСМ бр.32/20) потребно е да се направи пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, за што се спроведува постапка преку информацискиот систем е-урбанизам.“ – вели во одговорот Тодоровска.„ Рокот за донесување на планско проектна документација е различен во зависност од видот на истата, а истиот е различен во зависност и од квалитетот и исправноста на урбанистичката документација.“
Законската регулатива , појаснува Тодоровска од одделението за просторно урбанистичо планирањае во Могила, вели дека во постапките за изработка и донесување на урбанистичко планска и проектна документација задолжително се вклучува јавноста преку организирање на јавна анкета, јавна презентација на плановите како и јавен увид на урбанистичките проекти, а заради транспарентност на јавноста секоја одобрена планска програма задолжително се поставува на веб страната на Единици на Локална Самоупрва ( ЕЛС). Јавните анкети и јавните увиди зависно од видот на планот траат 30-45 дена. Заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање, општината задолжително формира партиципативно тело на иницијатива на градоначалникот, а истото има право да расправа за сите работи од надлежност на ЕЛС и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината. Доколку се изработува Урбанистички план за село или Урбанистички план за вон населено место (овој тип на планови се донесуваат во рурална општина), согласност дава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот. После добивање на согласност Советот на ЕЛС донесува Одлука за донесување на предметната документација, а после тоа се врши спроведување на планот. За одобрување на урбанистичките проект задолжен е градоначалникот на Општината.
„Рокот за донесување на урбанистичка документација зависи од многу фактори, бидејќи покрај законските рокови кои се пропишани со Закон и сме должни да ги спроведуваме, постојат и други фактори, првенствено мислењето на јавноста во смисла доставување на забелешки и сугестии кои влијаат на времетраењето на постапката и неможе да се предвидат однапред. Постапката за издавање решение или одобрение (доколку документацијата е комплетна и не се доставени забелешки од страна на субјекти) трае околу 30дена.“-вели Клара Тодоровска .
