April 16, 2024

Нашите млади сограѓани се навикнати на комуникација на современи начини, преку мобилни телефони, социјални мрежи и др. , и не се сеќават дека не е така далеку времето кога се комуницираше со фиксни телефони. Во нашиот град имаше на неколку локации јавни телефонски говорници, кој прилично често ги користеа граѓаните за обавување на своите комуникациски потреби.

Една од тие говорници беше поставена пред просториите на ПТТ(пошта, телефон, телеграф, во тоа време ‘Македонски Телекомуникации’) во центарот на Битола, а можете да ја видите на фотографијата која датира од пред 20 години, поточно 2002 година.

Да се потсетиме…


1035