December 5, 2022

ЕУ ги забрани ароматизираните загреани тутунски производи

ЕУ ги забрани ароматизираните загреани тутунски производи.

Европската комисија ја поздрави забраната како добар одговор на зголемениот обем на продадени производи од овој вид низ ЕУ и смета дека ова ќе помогне во европскиот план за борба против ракот.

Целта на планот е до 2040 година помалку од 5 отсто од населението да консумира тутун и тутунски производи.

Според еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, тутунот предизвикува 90 отсто од раковите на белите дробови.

– Благодарение на забраната, нашите граѓани и посебно младите ќе бидат подобро заштитени од штетните ефекти на овие производи – рече Кириакидес.

Земјите членки на ЕУ имаат осум месеци да ја преточат забраната во домашното законодавство. Пред 23 октомври другата година треба да се исцрпат сите резерви на овој вид тутунски производи и новите правила да важат во цела ЕУ.

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *