Временската прогноза на УХМР

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер , долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Низ Пелагонија, слично.
Утре ( 26.11.2022) Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во викентот и првите денови од следната недела времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.
Мининмалните утрински температури веќе достигнуваат под 0 степени Целзиусови, до -3 односно -4 , а дневната максимална ќе се движи од 4 до 11 степени Целзиусови.
Повеќе, на сликата подолу.

Извор: УХМР
