April 19, 2024

Како ја перцепирате Битола? анкета на Општина Битола

Општина Битола, го започна процесот за изготвување на Стратегија за локален економски развој. Собирањето на потребните податоци опфаќа и вклучување на граѓаните, за тоа како тие ја перцепираат општината. За таа цел, потребно е и граѓаните да го пополнат анкетниот прашалник достапен на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf03KUCKWBmNsn4HjuzlH4gN1nzXe3XPCDtWo4NsNF4mmzNdQ/viewform

Покрај анкетата, во првата фаза на изработка на стратегијата за економски развој на општината се собираат податоци и за анализа на локалната економска структура, оценка на локалната соработка, бизнис окружување, транспарентност и администрација без корупција, пристап до финансиски ресурси, потреби на приватниот сектор за земјиште и инфраструктура и регулаторна и институционална рамка.
Во работните активности за изработка на стратегијата, вклучени се членови на Локалниот економски совет, под раководство на претседавачот и претставник на организацијата на работодавачи Гордана Балтовска. Работната група ја сочинуваат и претставници од регионалната стопанска комора, образованието, социјалната работа, невладиниот сектор, Центарот за вработување и претставници на општинската администрација.
Стратегијата се изготвува со техничка поддршка од проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој, ќе даде голем придонес кон понатамошното планирање и развој на општината, а истата е од особено значење и за добивање на поддршка и од меѓународни фондови.


1036