February 1, 2023

„Денови на Психологија“ на Славјански Универзитет посветени на младите

Здравјето е најголема вредност на секој млад човек и најважен ресурс на нашето општество. Реченицата е истовремено порака и поднаслов и заклучок, а произлегува од тридневниот собир на психолози и љубители на психологијата што под името „Денови на психологија“ го одржува Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Денеска во Свети Николе


Денеска во Свети Николе се одржува интернационална тркалезна маса, на која во моментов се одржува дебада насловена „Младите и сорабоката во образованието“ што пак е дел од проектот „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија” што Униврзитетот го реализира со Евротинк – Центар за европски стратегии. На тркалезната маса присуствуваа г. Димитар Николовски-извршен директор на ЕВРОТИНК, Н.Е. г. Ангел Ангелов – Амбасадор на Р. Бугарија, г. Дејвид Морган – советник во Канадска Амбасада во Белград, а говорниците припаѓаат на македонски и бугарски европски центри и институти за оразование, прептприемништво и мобилност. На настанот своите искуства ги споделија студентите кои биле дел од ЕРАЗМУС+ програмата за студии во Бугарија, универзитетски професори, преставници на граѓанскиот сектор, и учесници кои биле дел од прекугранична соработка CBC.

Панелистите во Битола на темата „Врсничка едукација“

Темата „Врсничка едукација – ефикасна алатка за промовирање на здравјето и здравото однесување на децата и младите“ го отвори овој собир вчера во Битола. Образованието меѓу врсниците се потпира на идејата дека „младите луѓе се експерти за сопствениот живот и затоа се најдобрата почетна точка во секој процес на учење“.„Во текот на нашиот живот ние учиме многу од она што го знаеме и кои сме од луѓето кои се во слични ситуации со нас: заеднички интереси, слична возраст, потекло, социјален статус, животна средина. Луѓето со кои се дружиме и „го зборуваат истиот јазик“: споделуваме соништа, стравови, очекувања, напори и иницијативи – нашите врсници!

Од „Денови на Психологија“ во МСУ Битола

Затоа, учењето од своите врсници може да се опише како… врсничка едукација.“- беше кажано на дебатата на која зборуваа психолози, претставници од институции кои директно работат со деца и млади почнувајќи од периодот на ран детски развој па се до високото образование: доц. д-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседател на комората на психолози, м-р Марина Кузмановска ЈОУДГ „Бамби“, Жанета Ристевска психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, м-р Марија Младеновска Димитровска психолог во СОУ „Таки Даскало“, проф. д-р Сашо Кочанковски, доц. д-р Вангелица Гаврилова и доц. д-р Слаѓана Анѓелковска, професори на Факултетот за психологија при МСУ.
Според најавата, годинава оваа реномирана високо-образовна институција организира хибриден настан, со можност за он-лајн вклучување на сите кои се заинересирани.

Од архивата на Универзитетот


Па така, за утре (26.11.2022) предвидена е отворена дискусија за теми поврзани со психологијата и општествените околности на денешницата. Заинтересираните може да се вклучат линковски, доколку претходно аплицираат на следниот линк :

Description: 🌐 Линк за пријавување со физичко присуство: https://msu.edu.mk/denovi-na-psihologija-2022/

Description: 🌐 Линк за пријавување за виртуелниот настан: https://msu-edu-mk.zoom.us/…/tZEtcOGvrT0jEt18v4jMjYJtQv…

Учеството е бесплатно.