February 1, 2023

По 129 796 денари за судски трошоци треба да платат осудените за 27 Април поединечно и по 5000 денари паушал

ПелаНет дознава дека осудените за настаните во Собранието на 27 Април 2017 година денеска добија опомена, во рок од три дена да платат по 129 796 денари за судски трошоци и по 5000 денари паушал.

На социјалните мрежи, се најавуваат иницијативи за помош на овие лица, кои ако не платат, ќе им се зголеми затворската казна. Судот им нуди и плаќање на рати, а доколку не ги плаќаат ратите на време, замена за затворска казна.

Нашиот портал веќе стапи во контакт со семејствата на двајца од осудените и во текот на наредните денови ќе Ве информираме на кој начин можеме сите ние, преку донации, да им помогнеме на овие луѓе, кои 5 години се веќе во затвор, далеку од семејствата.