April 20, 2024

Македонскиот судски совет обезглавен, претседателката поднесе оставка, заменикот закажа седница за нов претседател

Наместо да се дискутира за номинација по барањата од Академијата за судии и јавни обвинители и да се констатира престанок на судиска функција на судии во државата поради пензионирање, Судскиот Совет на РМ ќе треба да избира нов претседател.

Според порталот dailyzonews.com , претседателката Павлина Црвенковска си поднела неотповиклива оставка, на изненадување на сите пристуни во салата за состаноци на избраните членови на ова највисоко судско-администртивно тело .

Порталот ја пренесува и нејзината изјава „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството.  ( повеќе на https://dailyzonews.com/stana-i-si-zamina-pavlina-crvenkovska-neochekuvano-utrovo-podnese-ostavka/ )

На страната на Судски Совет попладнево стои ново соопштение за седница за избор на претседател на Судски совет : „Судскиот совет соопштува дека денешните две седници се одложени. Дополнително ќе известиме за терминот за нивно одржување. Воедно известуваме дека за 5 декември (понеделник) 2022 година е закажана седница на Судскиот совет со две точки на дневен ред:  1. Констатирање на престанок на мандатот на претседателот на Судски совет на РСМ; 2. Избор на претседател на Судски совет на РСМ; 3. Разно. “

Според новиот Закон за судски совет кој е на сила скоро 2 години, претседател може да биде избран член на ова судско тело предложен од редовите на политичарите. Имено, Законот за судски совет во чл. 8 предвидува дека претседателот го избираат на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од македонското собрание. Измени во мандатот не се направени и тој трае 2 години.

Неотповикливата оставка на Црвенковска доаѓа по пресвртот во силите:  членови избрани од судиите наспроти членови избрани од политиката. 6 членови од судиите и членот предлог од претседателот на државата на последната седница спречиле гласање за номинирање на членови во Академијата за судии и јавни обвинители без дебата по предлозите кои, како што беше наведено „на ливче во ракопис“ ги имала претседателката Црвенковска .


1022