February 1, 2023

ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Се’ во битолскиот затвор се распаѓа

„Почитувани, ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност.“ Вака започнува информацијата што партијата ВМРО-ДПМНЕ ја објавува за јавноста. Според портпаролот на Општинскиот Комитет ( ОК ) Васко Мавровски, во установата на ул. Девеани 25 во Битола е направена злоупотреба на европски и народни пари, а злоупотребата ја направил раководителот на затворот .

Во објавата се вели : „Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на СДС, кој е и прв човек на една многу чуствителна институција битолскиот затвор – Драган Крајовски.


Само пред две и пол години Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица, не е во функција. Се во затворот се распаѓа. Потрошени се милион евра, од кои 750 илјади евра се директни европски пари, а остатокот, наши – пари на граѓаните. “ вели денеска портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Васко Мавровски. (Видео од пресот на линкот подолу)

https://www.facebook.com/Vmrobitola/videos/504301168400969/

Понатаму Мавровски потсетува на изјавата од Френк Јанмат,шефот на одделението за економски работи при делегацијата на Европската унија, кој тогаш со информација дека реконструкцијата чинела 1 милион евра, а 700.000 само како спонзорства од европските фондови изјавил „Многу е важно овој објект да се одржуа и да остане таков каков што е“.

„Очигледно изјавата останала неразбрана – вели Мавровски и продолжува , „Почитувани, прашуваме каде и како завршиле парите наменети за реконструкција и реновирање на затворот, дали едноставно само завршиле во приватни џепови, па така квалитетот на изведбата паднал во последен план. Ја користиме, исто така, приликата да ги повикаме релевантните институции да реагираат по допрен глас и да проверат, како се потрошени толкав износ пари – еден милион евра, а само по две и пол години се да биде распаднато.“

„Почитувани, ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност. Тоа што понизниот Крајовски е очајно лош лидер на локалните сдсовци, на крајот и нека биде нивни проблем, ама за потрошени европски пари и пари на граѓаните, се одговара.“