April 19, 2024

Соња Тарчуловска има нов хит – „Со црвено“

„Со црвено“ е авторско дело на никој друг туку на нејзината наследничка, ќерката Мелани која ги потпишува стиховите на песната за која аранжманот го направил Дејан Момировски, во чие „ХЛ студио Момировски“ истата и е снимена. Придружните вокали ги пеат нејзината ќерка Мелани и Сара Пројковска, а песната е во модерен танцувачки ритам , со мелодиска линија која многу повеќе наликува на современите поп хитови отколку на класична фолк песна, како оние, по кои Тарчуловска ја паметиме. Дали тоа значи целосен пресврт во музичкиот стил и кариерата, останува допрва да видиме?!

Она што може сега да се види е видеото за песната кое го потпишува „Томато продукција“,  во кое Соња изгледа сосема поинаку од она што сме навикнале да ја гледаме, иако евидентно е дека по се низ што мина низ животот, годините како воопшто да не оставиле трага…


1084