February 1, 2023

Почина пејачот на групата “Амајлија”

Виктор Барбутов, вокалистот на „Амајлија бенд“ починал утринава на 43-годишна возраст, откако синоќа му се слошило. Естрадата денес се збогува со него, во неверување од лошата вест која ги дочекала утрово. Виктор во минатото беше дел од групата „Фантазија“ со која го сними хитот „Земја пресвета“.