Во организација на општинската организација на Црвениот крст од Битола, вечерва во Офицерскиот дом во Битола, се одржа свечен настан под мотото „Волонтирањето како водич за создавање на поубав свет”. На настанот, беа доделени плакети и благодарници за поддржувачите и соработниците на Црвениот крст, како и на волонтерите, кои претставуваат носител на активностите на Општинската Организација на Црвен крст Битола. На настанот, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на кој му беше доделена плакета за посебен присонес во поддршката на ОО Црвен крст – Битола.

„Сакам да искажам искрена благодарност за доделената плакета, a посебно да се заблагодарам за Вашата континуирана активност, почитувани волонтери, со која постојано давате несебичен влог во реализацијата на голем број волонтерски активности.

Како градоначалник на општина Битола, но пред се како човек кој посебно ја вреднува хуманоста, што произлегува и од мојата професија, искрено верувам дека, Вашата енергија и желба за придонес во заедницата, од година во година, ќе се надградуваат, а нашата соработка постојано ќе се зајакнува, со што заеднички ќе можеме да дадеме уште поголем придонес, кон создавањето на поубава општина.

Токму и како што е насловен денешниот настан „Волонтирањето како водич за создавање поубав свет“, сите ние сме само еден мал дел од тој свет, а секој поединечен придонес е чекор кон вистинската убавина на светот во кој посакуваме да живееме.

Ви честитам на одговорноста, успешноста и посветеноста“, рече градоначалникот Коњановски.

Во годишната програма за 2022 година на општинската организација на Црвен крст, каде се наоѓа и одбележувањето на традиционални календарски активности, главен акцент се става на 5 Декември – „Светскиот ден на волонтерството“, затоа што една од главните водилки на организацијата е токму, волонтерството.


1043

Задолжително