Младиот Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува и својата пејачка соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“.

Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид мултиталентиран  мултиинструменталист и врвен музичар.

“Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави младиот музичар.


1031