Саем на волонтеризам 2022 поддржан од US corner се одржа по шести пат

Уште два часа во фоајето на Центар за култура во Битола се одржува саем на волонтерски организации што го организира Американско катче во Битола.
„Саемот е отворен за сите, а особено ги поттикнуваме да не посетат сите средношколци, студенти и млади професионалци кои ќе се запознаат со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа.“- информираа од оваа организација промотор на американската култура на македонско тло.


Саемот за Волонтеризам 2022 ќе претставува невладини организации од Битола и регионот, како и работата на локалните волонтери клубови, кои ќе ги презентираат своите волонтерски можности и ќе споделат нивни успешни приказни и проекти. Со своите активности се претставуваат Together Macedonia, SFERA, МКЦ, YMCA, Sumnal, ЦЕРИ, INTERACT, Златно Перо и LEO. Центарот за култура е коорганизатор и домаќин со просторот , а саемот на волонтеризам се организира и во соработка со локалниот Совет за волонтери .

На овој настан, претходеше посетата и средбата со новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија , на која исто така се зборуваше за волонтерството, за можностите за вклучуавње на младите во сите области на општественото живеење и креирањето на општествените услови за развој на демократијата во државата.

Саемот има мото Волонтирај , но пред се информирај се !

Извор/извор фото : ФБ US corner Bitola


1025