April 17, 2024

Повторно закани за бомби во училишта, а првпат и за НБРМ

Дојава за бомби во девет средни скопски училишта. Поради заканата наставата е прекината а учениците и вработените се евакуирани. Евакуација беше реализирана и во Народна Банка по дојава дека и таму има поставено бомба.

На терен е Единицата за антитероризам на МВР. А според нивните објавени информации досега
„Околу 9.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.“ стои во објвената информација од МВР. Но, само дваесеттина минути по првата дојава, на електронската пошта на Народна банка била откриена и пријавена идентична информација.

„Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.

Ова е прв случај дојава за наводно поставенеа бомба да има и во некоја институција, а веќе втор месец како ваквите закани се упатени на средношколки установи во главниот град. Полицијата досега информираше дека за „бомбите“ имаат осомничено едно малолетно лице.


1014