September 28, 2023

Во Битола куче касна малолетник, сопственикот заработи кривична пријава

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”.

– На 21.10.2022, пријавениот не го врзал кучето – домашен миленик, кое излегло од неоградениот двор и каснало малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, објави МВР.


1005