December 6, 2023

Во Авганистан извршена јавна егзекуција, прва откако Талибанците ја презедоа власта

Талибанските власти денеска егзекутираа Авганистанец осуден за убиство, што е прва јавна егзекуција откако Талибанците ја презедоа власта минатата година, изјави нивниот портпарол.

Егзекуцијата беше извршена во западната провинција Фарах пред неколку стотици луѓе и пред бројни талибански претставници, изјави Забинула Муџахид, портпарол на бунтовничката талибанска влада, пренесе АП.

Тој рече дека одлуката за извршување на смртната казна била донесена „многу внимателно“, откако била одобрена од трите главни судови во Авганистан и врховниот водач на Талибанците Мула Хаибатула Ахунџада.

Егзекутираниот Авганистанец, чие име е познато дека е Тајмир и живеел во провинцијата Херат, е осуден за убиство на маж пред пет години.

Убиениот се викал Мустафа и бил од соседната провинција Фарах.

Талибанците, инаку, не кажуваат кога го уапсиле Тајмир, но тврдат дека тој го признал убиството.


1012