March 28, 2024

Сите декларации на производите и на албански јазик на целата територија на Македонија!

Двојазичните деларации, на макеоднски и на албански јазик што треба да ги има на производите во промет носат нов товар за компаниите – нови тршоци за кои како што тврдат дел од бизнисмените, не биле информирани.

Обврската за двојазични декларации, налепници, серификати во трговијата е превидена со скоро усвоениот закон за заштита на потрошувачите. Од бизис конфедерацијата велат дека двојазичноста не е на штата на граѓаните, но рпимената значи дполнител трошок . 

Од министерството за економија, кратор на новото зкаонско решение, велат досега не добиле поплаки за овој закон од ниту една компанија. Оттаму посочуваат и дека пред да биде донесен, за законот немало никакви поплаки. 

– Законот за заштита на потрошувачи е целосно усогласен со европската регулатива. Пред да биде ставен во собраниска процедура предлог-законот беше објавен на ЕНЕР и има позитивно мислење од сите надлежни институции. Можност за забелешки имаше и бизнис заедницата. Предлог-законот пред да биде изгласан беше повеќе од пет месеци во собраниска процедура и немаше забелешки на Законот во тој дел. – велат од Министерство за економија.

Согласно измените во новиот Закон за потрошувачи, компаниите имаат обврска покрај на македонски, текстовите на амбалажите, налепниците, сертификатите и останатата документација на производите, да биде испишани и на албански јазик и ова да важи на тероторијата на целата држава, без разлика на етничкиот клуч предвиден со рамковниот договор.

Новиот Закон за заштита на потрошувачи се усои по скратена постапка во собранието – со главен адут да се заштита правата на потрошувачите , на граѓаните осбено во ек на ценовно цунами кога имаше информации за ценовни малверзации, сега двојзичните декларации како дел од овој закон станувата обврзувачи во трговијата, решение за кое рпетходи немаше барем јавни реакции од бизнисот.

Претходно за ова реагираа и од Левица, од каде истакнаа дека ова претставувало непотребен и несразмерен товар и трошок за микро и малите трговци, но и како што посочија противуставна обврска за задолжителна употреба на малцински јазик и на приватни субјекти.


1019