April 25, 2024

Зарина Првасевда ќе одржи концерт во битолскиот Офицерски дом

Зарина Првасевда ќе го оддржи својот концерт насловен како „ЕХО” во Битола, на 17-ти декември во 20 часот во Офицерскиот Дом во Битола,

Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

Покрај песните од албумот “ЕХО” кој таа неодамна го издаде за издавачката куќа Кроација Рекордс, ќе се изведат и некои нови песни кои ќе бидат дел од нејзиниот нов албум. Ансамблот го сочинуваат: Ратко Даутовски – Перскусии, Пенче Кралев – Бас, Филип Димишковски – Клавијатури, Благојче Трајковски – Кларинет, Филип Михајловски – Канон и Тони Арлан – Виолина.

Концертот ќе биде камерен, а бројот на публиката е ограничен на 150. Картите ќе бидат во продажба онлајн или во Книжарница Литература на Широк Сокак и Тобако Brothers на Широк Сокак.


1017