Најнов најверодостоен лик на Тутанкамон

Група компјутерски експерти и скулптори прдводени од Ендрју Нелсон и Кристијан Корбет користејќи 3D технологија направија реконструкција на ликот на Тутанкамон-кралот момче. Се смета дека ова е една од најреалните досега. А направена е за потребите на најнов документарен филм за трагичниот египетски фараон.
Тимот користел компјутеризирана томографија (КТ) за да создаде точен 3Д модел на черепот, како и ткивни маркери што ја означуваат длабочината на месото на различни места врз основа на современите Египќани. Претходните реконструкции на мумиите користеле ткивни маркери врз основа на други субјекти.


„Форензичката скулптура беше заснована на науката за черепот, а ткивните маркери и мерењата на секој од нив беа засновани на просечниот машки египетски субјект.“ – вели скулпторот Корбет, кој своите вештини ги спои со компјутерскиот софтвер од канадскиот Западен Универзитет. Ендрју Нелсон направил скенирање на древниот владетел. „Анатомијата на неговиот череп ја водеше реконструкцијата на лицето, така што мислам дека тоа е многу пореален изглед од кој било од оние што сме ги виделе во минатото“.
Извор: Сора Филмс/Кристијан Корбет преку Пен Вести


1090

Задолжително

Verified by MonsterInsights