Бригометар, најнаградувана реклама во 2022

Кампањата „Бригометар“ на Хрватска Осигурување деновиве ја доби својата 13та награда за маркетинг што се одликува со квалитет на информации и креативност. Овојпат наградата ја добија од светски познатиот The Drum, во категоријата за надворешно огласување. Drum Awards е глобална програма за доделување награди која ги препознава најдобрите практики, најдобрите компании и најдобрите луѓе од целата маркетинг и комуникациска индустрија.
“Brigometar” претставува интерактивна надворешна ( outdoor) реклама која ја мери загриженоста на минувачите со помош на вештачка интелигенција. Целта на “Brigometar” беше да ја подигне свеста за важноста од грижата за менталното здравје поради растот на проблемите поврзани со него, и тоа како резултат на пандемијата и земјотресите во Хрватска. Случајните минувачи би застанале пред рекламата и би дале согласност чекајќи пет секунди, по што започнува скенирање на лицето. За резултатите да не бидат уште причина за загриженост, на најзагрижените осигурителната компанија им понудува и бесплатен здравствен прегед во поликлника во Загеб.


1088

Задолжително

Verified by MonsterInsights