March 28, 2024

Стопанска банка АД Битола има нов в.д. претседател на управниот одбор

Стопанска банка а.д. Битола известува дека сметано од 14.12.2022 година, на д-р Наташа Несторовска и престанува функцијата член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола поради истек на мандатот, согласно Глава 6 од Правилата за котација.

Воедно, информираат од Банката, до финализирање на постапката која е во тек за добивање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија за повторно именување на д-р Владимир Ефтимоски за член и претседател на Управниот одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Александра Радевска.


1025