Илон Маск веќе не е најбогатиот човек во светот

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек во светот, на негово место сега е Бернар Арно, кој е извршен директор на компанијата за луксузни возила „ЛВМХ“. Губење на статусот на Маск за најбогат човек на светот се должи на наглото паѓање на вредноста на акциите на компанијата „Тесла“.

Ова следува откако Маск го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари. Тој поседува околу 14% акции на „Тесла“, со што е најголемиот акционер во компанијата.

„Форбс“ процени дека богатството на Маск сега изнесува 178 милијарди долари, додека Арно вреди десет милијарди повеќе.

Маск продаде акции на „Тесла“ вредни неколку милијарди долари за да може да го финансира купувањето на „Твитер“, што придонесло за падот на вредноста на неговата компанија.


1024