June 6, 2023

Зеленски: Следните 6 МЕСЕЦИ КЛУЧНИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следните шест месеци ќе бидат „одлучувачки“ во војната што Русија ја започна против Украина.

Во видео-обраќањето пред Европскиот совет, Зеленски рече дека следните шест месеци ќе бидат одлучувачки во многу аспекти на конфронтацијата што Русија ја започна со својата агресија.

Тој потоа додаде дека „агресијата против Украина е во исто време агресија врз секоја земја од ЕУ, бидејќи крајната цел на Русија е многу подалеку од границата на Украина и украинскиот суверенитет.

„Следните шест месеци од нас ќе бараат многу повеќе, значително поголеми напори од оние што ги вложивме во изминатиот период“, рече Зеленски, додавајќи дека „руските напади врз украинската енергетска инфраструктура мора да се запрат“.

Зеленски потоа посочи дека на Украина и треба помодерно оружје, односно дека испораките треба да бидат многу поголеми.

Тој го коментираше и неодамнешното ослободување на градот Херсон: „Тој потег му покажа на светот дека нашата заедничка одбрана не е нешто случајно, туку нашата сила што ништо не може да запре“.


1002