April 19, 2024

Прва слика од телескопот „Џејмс Веб“ ги покажа најдалечните галаксии во Универзумот

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, објасни дека сликата покажува светлина од галаксиите кои се наоѓаат околу други галаксии, кои патувале милијарди години пред да допрат до телескопот.

„Гледаме повеќе од 13 милијарди години наназад“, рече тој додавајќи дека новите слики кои ќе ги објави американската вселенска агенција ќе достигнат уште подалеку, околу 13,5 милијарди години што е блиску до почетната точка на Универзумот. „Се враќаме назад речиси до почетокот“, посочи Нелсон.

Оваа слика е најава за серијата на слики во боја со висока резолуција од ЏВСТ која НАСА ќе ги објави денеска. Според Нелсон тие ќе бидат најдлабоките слики од нашиот Универзум направени досега.


1015