April 16, 2024

Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола се приклучи на глобалната иницијатива „More Than Our Rank“ која им дава можност на академските установи да ги истакнат различните начини на кои ѝ служат на заедницата иако истите не се рефлектираат во нивната рангирана позиција.

Кон иницијатива се придружуваат установи кои ги препознаваат ограничувањата на користените индикатори при рангирањето и кои сметаат дека рангирањето не ги одразува нивните силни страни или институционална мисија, бидејќи сметаат дека секоја институција во светот е многу повеќе од нивното рангирање.

Иницијативата е развиена како одговор на дел од проблематичните карактеристики и ефектите од глобалното рангирање. Со учеството во „More Than Our Rank“, академските институции укажуваат на потребата за одговорно оценување и признавање на поширока и поразновидна дефиниција за институционален успех.
Не се наплаќа за учество во оваа глобална иницијатива, а академските институции се охрабруваат да објават изјава за промовирање на институционални активности, достигнувања или амбиции кои не се соодветно опфатени со националните или меѓународните универзитетски рангирања.

Иницијативата со слободен превод „Повеќе од нашиот ранг“ е развиена како одговор на некои од проблематичните карактеристики и ефекти на глобалното рангирање на универзитетите.

Тоа им дава можност на академските институции да ги истакнат многуте и различните начини на кои му служат на светот, а кои не се рефлектираат во нивната рангирана позиција. Оваа иницијатива е наменета за секоја академска институција, без разлика дали е рангирана или нерангирана, топ 10 или допрва ќе се пласира. Тоа е иницијатива за институции кои ги препознаваат ограничувањата на користените индикатори, како и за оние кои сметаат дека рангирањето не ги одразува нивните силни страни или институционална мисија. Сепак, никој кој поминува повеќе од пет минути истражувајќи ги методологиите што ги користат различните рангирања за да ги идентификуваат „најдобрите“ универзитети во светот, не може да се увери во валидноста на нивниот пристап. Секоја институција во светот е многу повеќе од нивниот ранг. Оваа иницијатива е едноставно можност јавно да се каже и да се објасне зошто.


1017