„ Самуиловата тврдина која се наоѓа во Охрид е една од најголемите средновековни тврдини во нашата земја. Најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил (10-11 век од н.е.), по кој оваа тврдина го добила и името. Тврдината е археолошки локалитет кој сè уште претставува предизвик за археолозите и историчарите. Во близина на тврдината се наоѓа и амфитеатар во кој се одржува манифестацијата Охридско лето“– пишува во учебникот по историја и општество за петто одделение што стана актуелен по фејсбук постот на една мајка која се прашуваше „на која страна е запад“.

Од учебникот Историја и Општество за 5 одделение

Не е проблем што е напишано, туку што нема ниту слика од Цар Самоил во учебникот, како што има од божицата Атена или Трајан римјанинот на пример.

„За него не е наведено ниту дека е македонски, ниту дека е бугарски владетел. За царот Самоил Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања веќе усогласи заеднички текст, но за да биде „на сила“ и за да се вметне во идните учебници или да се користи при заеднички чествувања и двете влади, македонската и бугарската, мора да донесат соодветен заклучок со кој ја прифаќаат препораката. Според усогласената препорака на Историската комисија „Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар на територијата на денешна РС Македонија…“- посочува денеска www.slobodenpecat.mk . А реакциите не стивнуваат. Вечерва на својот фејсбук профил се огласи и проф. Д-р Весна Јанева.

„Да не може човек да се изначуди на сите глупости што се случуваат во земјава…По кој знае кој пат за учебниците. – ја започнува својата реакција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ, која очигледно е во сериозна дилема дали книгите во кои има погрешни податоци се грешки или „ако незнаењето може да се нарече грешка“. И препорачува да се запаметат имињата кои „не напишале една туку напишале 2 „книги“.

„На пример авторкиве велат дека Стариот/ античка историја век трае од пронаоѓањето на писмото до V век ПРЕД нашата ера. Дополнителнно терминот Стариот/ античка историја век, молам да го објаснат, затоа што е непостоечки и неточен. Други неточни податоци се почетокот на Новиот век, потоа најстарите археолошки локалитети и друго од историја.“

Принтскрин од учебникот

Од географија замислете Монт Еверест е висок дури 20.035 метри (8.849 м.), а Мртвото море се наоѓа 1400 метри под морското ниво (427 м). Инаку нашата земја на исток се граничи со Албанија, а на запад со Република Бугарија. Друг бисер од учебникот се однесува на човековите права: “Човековите права се правила и слободи со кои државата го определува начинот на однесување на луѓето во заедницата, со цел да ги задовлат своите потреби. Кога државата ќе ги признае и заштити чоековите потреби, тогаш потребите се претвараат во права.“ Читам и се прашувам дали е можно? Наставнички!

Детаљите за асирскиот календар помногубројни од информациите за Цар Самоил…од учебникот


Проф. Д-р Јанева продолжува: „Врв на глупоста на Концепцијата на Мила Царовска и нејзината политичката определба, како и на двеве нејзини подржувачки, се гледа во учебникот за IV. Јас за тоа имам пишувано, но да потсетам. Илинденското востание е борба за ПОГОЛЕМИ ПРАВА, заради НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ВЛАСТА. Знаете ли, велат авторките, дека преку Крушевскиот манифест се упатува порака за соживот? Тоа што сите биле повикани да се борат за слобода е и порака за соживот. ТОЧНО, од филозофска гледна точка, да. НО, тоа ли е пораката на Крушевскиот манифест? Наставнички? ТОА ли е пораката? Малку намус???“

Да не должам, безрезервната подршка, која СДСМ ја даваше на поединци, доведе до ароганција, себе – преценување, некритичност, неоправдана амбиција и на крај до ПОТРОШЕНИ ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НИШТО!. Овие учебници не се учебници!
Министре ќе го повлечете ли од употреба учебникот по Историја и општество за V одделение?

Сега навистина имате причина. – вели проф Д-р Весна Јаневска


1076

Задолжително

Verified by MonsterInsights