Дојава за експлозивни направи во пет битолски училишта

Пет битолски училишта на своите електронски адреси добија закани за поставена експлозивна направа и тие училишта веќе се евакуирани, а откажана е и попладневната смена додека се чекаат антитерорисички екики од Скопје да утврдат дали дојавата е точна.

Во последниот период има бран на вакви дојави во голем број установи во државата , но ова е прв пат вакви закани да се достават до институции во Битола.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.


1069

Задолжително

Verified by MonsterInsights