June 6, 2023

Неверојатна глетка:Се распрсна најголемиот хотелски аквариум во светот, 1500 риби пливаат наоколу/ВИДЕО

Најголемиот самостоен аквариум на светот во берлинскиот хотел се распрсна, при што огромно количество вода заврши во лобито на хотелот и на улица, пренесе Њузвик.

Портпаролот на берлинската полиција Мартин Стралау рече дека најмалку едно лице е полесно повредено, а според првите резултати од истрагата се работи за несреќен случај.

Во „АкваДоми“ имало повеќе од 1500 риби од 50 видови, а се наоѓал во лобито на луксузниот хотел.


1003