И милијардерот Илон Маск може да биде под санкции, за што Европската Унија (ЕУ) упати закана. 

EУ му се закани со санкции на сопственикот на Твитер, Илон Маск, откако на неколку новинари кои ја следеа компанијата ненадејно им беа суспендирани профилите. Станува збор за  новинари на Њујорк Тајмс, Си-ен-ен и Вашингтон пост. Потпретседателката на Европската комисија и комесарка за вредности и транспарентност Вера Јоурова тврди дека Законот за дигитални услуги бара почитување на слободата на медиумите. Според неа, потегот на Маск е загрижувачки. 

Маск објави дека профилите добиле привремена седумдневна суспензија поради доксинг (објавување приватни информации за поединци на интернет).

Европската Комисија (ЕК) ќе може да изрече парични казни во висина до 6 отсто од глобалниот промет на компанијата.

Маск е актуелен откако почна војната во Украина, затоа што даде предлог како да се стави крај на кризата и со тоа навлече гнев. 


1025