April 20, 2024

ФИФА Е ПОБОГАТА ОД МНОГУ ДРЖАВИ, од светското планира 11 милијарди долари заработка

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави дека очекува да заработи 11 милијарди долари во четиригодишниот циклус на Светското првенство во Северна Америка во 2026 година.

Четиригодишниот буџет, кој денеска беше претставен пред Советот на ФИФА, предвидува зголемување на приходите за речиси 50 отсто, главно поврзани со правата за емитување и спонзорските договори, плус продажбата на билети.

ФИФА обично прави конзервативни буџетски проценки и на крајот ги надминува своите цели. Приходот од 7,5 милијарди евра објавен во Катар е за една милијарда евра поголем од прогнозата.

Неизвесно е и колку натпревари ќе се одиграат на СП 2026 и ќе се продадат на радиодифузерите, во првенство со 48 екипи.

Советот на ФИФА во јануари 2017 година се согласи дека првенството во 2026 година ќе има формат од 80 натпревари со тимови кои ќе играат во 16 групи по три тима, пред нокаут фазата каде што ќе се квалификуваат 32 екипи.

На овогодинешното првенство во Катар, кое завршува в недела со мечот меѓу Аргентина и Франција, има 64 натпревари. Во првата фаза се одиграа осум групи по четири екипи.

Проширувањето на 48 тимови е дизајнирано да го забрза развојот на фудбалот во земјите кои ретко се натпреваруваат за Светското првенство.

Сепак, повеќе од пет години откако беше одлучен форматот од 2026 година, претставниците на ФИФА оваа година предложија формат од 104 натпревари со тимови кои ќе играат во 12 групи од по четири.

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во 11 градови во САД, три града во Мексико и два во Канада.

ФИФА размислува за промени и покрај веќе потпишаните големи договори за радиодифузија.


1043