June 6, 2023

„Трансформаторот за РЕК Битола, Блок-3 имаше одредени проблеми во транспортот, но денес во попладневните часови трансформаторот со брод од Истанбул ќе биде истоварен во Солун каде што има екипи од РЕК Битола за преземање на трнсформаторот, а потоа утре транспортот ќе тргне кон Битола, односно за два до три денови да стигне на граничниот премин Меџитлија. Подготвени сме да го прифатиме трансформаторот, да се инсталира на својата позиција и да почне приклучок во мрежа кое вообичаено се одвива 14 денови. Тоа значи дека ние кон крајот на месецов или почетокот на јануари, до 10 јануари треба Блок-3 да го имаме во функција во актуелната грејна сезона“ – ја пренесува изјавата на генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски македонската телевизија Алфа, во прилогот со наслов „Третиот блок во РЕК Битола никако да проработи.“


1007