“Татко на татковината“, нова премиера на битолскиот театар
ПРЕМИЕРА, ПРЕМИЕРА , ПРЕМИЕРА!
“ТАТКО НА ТАТКОВИНАТА” е најновата премиера во Народниот театар – Битола која ќе се случи на 21ви декември во 20 часот. “Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиски програм, кој пак е поставен на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет. “
Детаљите за креативниот процес ќе бидат претставени утре на прес конференција со дел од учесниците .
*Поради големата заинтересираност резервации ќе може да ни пишете на нашите профили на фејсбук и инстаграм, но билетите ќе може да ги најдете во билетарата на Народниот театар (денес) 19ти и (утре) 20ти, како и пред самата премиера од 18-20 часот по цена од 300 денари. – стои во соопштението објавено на официјалната Фејсбук страна на битолскиот театар.
Извор: НУ Народен театар Битола / ФБ