April 19, 2024

БНТ на фестивал во Сараево

Сеуште нестивнат аплаузот од последната премиера , претставата „Татко на татковината“, дел од актерскиот ансамбл на битолскиот театар ја претставува уметноста и институцијата на меѓународниот театарски фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ што се одржува во Сараево. Битолските актери Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров, утревечер во натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе ја изведат претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов.

извор фото : ФБ на НБТ Битола


Фестивалот има натпреварувачки карактер, а во конкуренција годинава освен нашата „Демони“ се и претставата на Градскиот театар од Подгорица „Без паричник“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, авторскиот проект на Марко Грубиќ и Милена Боговац, претставата „Ударна вест“, претставата на Градскиот драмски театар „Гавела“, „Нашиот клас“ во режија. од Јасмин Новљаковиќ, претставата на Народниот театар од Тузла „Поделба“ во режија на Миралем Жупчевиќ. Претставите односно актерите се натпреваруваат за наградите од стручното жири, најдобар режисер и наградата „Жан Марлот“ за најдобар актер и најдобра актерка. Најдобрата претстава ја одбива наградата „Авазов змеј“ што ја доделува најтиражниот босански весник „Дневни Аваз“.Ова е шесто издание на фестивалот посветен на режисерот Јурислав Корениќ, еден од најзначајните БиХ театарски работници, кој меѓу другото е основач на Камерен театар 55, организаторот на овој регионален фестивал на камерни претстави за земјите од поранешна Југославија. Народен театар Битола во Сараево последно се претставил во 2005 год. на фестивалот Месс со претставата ,,Тимон од Атина”.


1018