June 6, 2023

Битола нема многу барања за фотоволтаици од граѓани, ама Општината има планови за начинот на спроведување на енергетската транзиција

„Во изминатиот период во општина Битола се поднесени 32 барања за поставување на фотоволтаици и нивно користење за генерирање сопствена електрична енергија , само од правни лица. Од нив, 19 барања се правосилни, односно веќе се поставени фотоволтаиците, или се во фаза на поставување, а во постапка се 13 барања, кои се очекува да бидат завршени наскоро.“. Ова е одговорот што pelanet.mk го доби неодамна од Општина Битола на анкетните прашања кои ги поставивме во сите општини од Пелагонија, а се поврзани со индивидуалниот процес на енергетска транзиција.
„Процедурата за добивање на дозвола, не зависи само од општина Битола. Доколку сите документи кои што треба да бидат приложени во општината се во ред, тогаш постапката трае минимум 6 недели, според сите процедури и законски рокови, кои што треба да бидат исполнети за добивање на соодветната документација. Доколку пак, не биде доставена комплетно коректна документација, процесот започнува од почеток.“ – велат надлежите во Битола .


Овие битолски барања за изградба на фотоволтаични централи се мал дел од процесот на енергетска транзициј којашто во услови на трите општини непосредни соседи на РЕК Битола се важни од економски и социјален аспект, подеднакво важни како и заштитата на животната средина. Македонија со законските измени предидува до април 2023 година, за нешто повеќе од 4 месеци , да има 250 мегавати струја од фотонапонски централи, во споредба со 19Мв во 2019 година. Но, стравувањата доминираат дека брзата транзиција на земја која е далеку од членство во ЕУ ќе резултра со социјално-економски негативни последици.


Оттука, иако процесот преку законските измени и многубројните субвенционирања на енергетски ефикасни фасади, климатизери и велосипеди е веќе трета година во тек, европските политички и банкарски претставници во Македонија дури сега на различни конференции за енергетска транзиција слушнаа дека процесот во битолскиот односно пелагонискиот регион не може да биде краток чист рез. А во последниве два месеци од Битола произлегува иницијативата градот да биде центарот од каде ќе се координира енергетската транзиција во Македонија.


„Целокупното живеење во Битолскиот регион е многу тесно поврзано со процесите на енергетската транзиција и во никој случај не смееме да дозволиме транзицијата да се сведи на затворање на термоцентралата РЕК Битола- предупреди советникот Бојан Бојкоски на конференција поврзна со акциониот план за праведната енергетска транзиција да биде навистина праведна.

„ Денес како никогаш до сега многу лесно можат сите да ја разберат улогата на термоцентралата РЕК Битола за цела држава. Термоцентралата РЕК Битола значи независност, економски раст, сигурност за инвеститорите, социјална помош и севкупен развој на цела држава. Битолскиот регион покрај со другото најмногу со термоцентралата „РЕК Битола“ претставува столб на економскиот раст и развој, социјалниот мир и независноста на државата во целина . Но за жал досегашното искуство покажа дека и покрај огромниот придонес за државата Битолскиот регион за возврат нема добиено речиси ништо.“ – им кажа Бојкоски на присутните од Европската делегаиција и ЕБОР и КФВ банка со чијашто помош се изведуваат актвностите за енергетската танзиција во Македонија.
„Знаеме дека државата врз основа на склучени договори има обврски поврзани со намалување на емисиите но знаеме и дека ова прашање од страна на државните институции се сведува само на тоа да се кажи кога ќе престани со работа РЕК Битола! Одамна е исклучен еден блок во РЕК Битола, а во Битолскиот регион не е ништо направено. Пет години беа доволни доколку државата беше спремна да го води процесот на транзиција да имплементира техничко решение со кое до сега требаше да се активира нов блок во термоцентралата РЕК Битола со ново техничко решение со кое би немало загуба на работни места и би се подобрила еколошката ситуација. Во изминатиот период изгубено е време во убедување на кредиторите за да не се прави проектот за топлификација бидејќи не бил исплатлив и имал недостатоци бидејќи требало неколку кратно да се догрева водата за да ја грее Битола. “ Бојковски во своот осрт продолжи : „Процесот на транзиција во никој случај не смее да се имплементира без активно вклучување на жителите на Битолскиот регион, регионот располага со стручен кадар, научни институции, силен невладин сектор и компании кои се спремни да дадат свој допринос но во квалитетен процес на транзиција никако во процес кој не се темели на научно издржани решенија. Ние стоиме на ставот дека процесот на праведна транзиција која нема да остави никого назад треба да се води исклучиво од центар за транзиција со седиште во Битола.“
„Можат ли политиките на ЕУ да ја поттикнат декарбонизацијата во Западен Балкан?“, беше тема на панел дискусијата во Европскиот парламент во Брисел, на која како претставник на општина Битола, присуствуваше секретарот на општината, Борче Димитровски.


„Процесот на транзиција треба да биде добро координиран паралелен процес со соодветна реална динамика, кој треба да започне со имплементација на нови современи техничко технолошки решенија и голем број имплементирани проекти преку кои ќе се креираат нови работни места во Битолскиот регион. Битолскиот регион е жив и има потенцијал да го води процесот на транзиција базиран на научна основа со квалитетно изготвена припрема и динамика согласно реалните услови и потреби и која ќе биде праведна и фер и никого нема да изостави назад. “
За заложбите од Битола да се води процесот на енергетска транзиција на целиот регион се осврна и градоначалникот Коњановски на завршната конференција од проектот „Интеграција на зелен транспорт во градовите“.


Енергетската транзиција според државата веќе е започнат процес, а за тоа говорат и плановите за капитални инвестиции во рударско-енергетските комплекси. Па така во РЕК Битола веќе се проектирани и финансиски испланирани три фотонапонски централи кои допрва треба да се изградат. Официјалниот став од Македонија кон светот е дека со активирањето на речиси сите домашни капацитети, Владата преку ЕСМ воспостави контрола врз енергетската криза и обезбедувањето независност оваа зима, а со субенционирањето на цената на струјата не дозволи енергетската криза да падне на грбот на граѓаните. Но, активирањето на сите домашни капацитети подразбира нивно зголемено трошење, а животот и во Пелагонија треба да продолжи и по оваа 2022/23 зима.


1023