September 28, 2023

На покана на културниот клуб од Лерин/Флорина, по повод шаховскиот турнир кој се одржа помеѓу екипи од Лерин/Флорина, Битола и Прилеп, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски оствари средба со градоначалникот на Лерин/Флорина, Василис Гианакис.

На најдобрите учесници им беа доделени награди.

Посетата се искористи и за разговори за продолжување на соработката меѓу двете општини од соседните држави за заедничко учество на повиците од INTERREG програма за прекуграничната соработка, информираат од општината. Битола и Лерин/Флорина уште од 2012 година заеднички учествуваат на првиот повик за прекугранична соработка, а притоа успешно беше имплементиран и првиот проект за заштита од шумски пожари и склучен е меморандум за соработка на полето за противпожарна заштита.

Од страна на заменик градоначалникот Бојан Бојкоски во името на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше упатена покана до Градоначалникот на Лерин да ја посети општина Битола со цел продлабочување на соработка и на други полиња помеѓу двете општини.


1009