ТЕЦ Осломеј исклучен поради самозапалување на јаглен надвор од
електраната, во делот за отпепелување

Еден час по полноќ ЕСМ до медиумите и јавноста испрати информација за причините поради кои ТЕЦ Осломеј не работи.
„Термоелектраната Осломеј вечерва е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел. Настанатиот пожар од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за запостапување.
Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј. Застојот нема да предизвика недостаток на електрична енергија во системот,
односно конзумот ќе биде задоволен преку другите производни капацитети.“
Извор: ЕСМ
