March 22, 2023

На 23.12.2022 година, во Лерин(Флорина), верниците го слават празникот Коледе по Грегоријанскиот календар. Во празнично украсениот град се почитува традицијата, па така и овој празник се слави во духот на традицијата со палење на Коледарски огнови. Но навистина воситува начинот на кој е организирано палењето на оганот, на плоштадот до реката, каде се обезбедени сите сигурносни стандарди. Оганот се пали во 24:00 часот , а пред тоа беше организиран забава со ди-џеј кој успеа да ја загрее атмосферата до точка на усвитување. Организаторот понуди одлична забава, се делеше бесплатно вино и грав, а завршницата беше спектакуларна со палењето на оганот и величествен огномет кој траеше повеќе од 10 минути, проследен со традиционална музика.

Зборовите не можам да го доловат целиот амбиент, затоа ве препуштаме на фотографиите и видеата.

Уживајте!