March 28, 2024

„Шчедрик“ или „Carol of the Bells“

„Шчедрик“ е украинска новогодишна, божиќна песна создадена од композиторот Микола Леонтович во 1916 година. Раскажува приказна за ластовичка која влетува во домаќинството за да пее за богатството што ќе дојде на пролет.

Првпат била испеана на 13 јануари 1917 година што е новогодишна ноќ според Јулијанскиот календар (стар стил). Песната е заснована на традиционално народно пеење, чиј јазик се сметало има магични својства. А музичката четворо-нотна шема пак се врзува со украинската праисторија, од времето пред Христијанството во тие делови од Земјата, кога Нова Година традиционално се празнувала во месец април (на пролет, како што и на нашиве простори до денес се празнува будењето на природата, новата вегетација).

Во 1922 година за потребите на новиот медиум – телевизијата, била адаптирана како англиска божиќна песна, во тоа што денеска нашироко е познато како „Carol of the Bells“ ( или „Песна на Камбаните). И првпат била изведена во Карнеги Хол.


1016