June 6, 2023

Во тек се еднодневни сервисно – ремонтни активности на Блок 1 на РЕК Битола
Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел
подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од
овој блок предвидено е да трае во наредните 24 часа. Во меѓувреме, во функција останува Блок 2
на комбинатот.
Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.
Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува
непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Извор: РЕК Битола


1026