Наместо 1.800, СЕГА 2.100 ДЕНАРИ ќе се земаат за три месеци скенирање

Граѓаните кои скенираат сметки досега за три месеци можеше да добијат максимум 1800 денари, но сега тој износ ќе порасне на 2100 денари.
Владата, на денешната седница, го утврди и текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.
Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.
Односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.