СКОПЈЕ ВО ТОП 3 ВО СВЕТОТ: Главниот град на Македонија енормно загаден, граѓаните се гушат 

Скопје беше во НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ, ама за министерството БИЛО ПОД ПРАГОТ, мерките и препораките пркинуваат

Според Министерство за животна средина и просторно планирање загадувањето било под прагот и затоа прекинуваат мерките.

-Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, велат тие.

Инаку Жителите на Скопје утрово се разбудија во смог, а градот повторно се најде на неславната ранг листа на најзагадените градови во светот, заземајќи го 9-тото место според според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Скопје со индекс на квалитетот на воздух од 166, на листата е заедно со градови од Индија, Кина и Пакистан кои се познати по лошиот квалитет на воздух. Според платформата во моментов аерозагадувањето во Скопје е штетно по здравјето.


1280

Задолжително

Verified by MonsterInsights