April 26, 2024

КИЦ Битола и Народен театар Битола новогодишно, копродукциски соработуваат…

….На две претстави кои претставуваат традиција и тоа што новогодишните празници го симболизираат – почеток.

„БОЖИЌНА ПЕСНА”

Една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, под наслов „Божиќна песна“, деновиве ја полни салата во Народниот театар во Битола. – информираат од КИЦ. По денешната одиграна премиера, во претставата ќе може да се погледне утре и задутре, во 5 следни проекции во Народниот театар, со почеток во 10 часот и 13 часот. Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културен и информативен центар Битола, со поддршка на Општина Битола.

Инсерт од претставата

ПОПУЛАРНАТА ПРЕТСТАВА „ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ“ ГОСТУВА ВО БИТОЛА

На сцената на Народниот театар Битола, во петок 30.12.2022 година со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна претставата „За нас почнува живот“, на авторот Ѓерг Шпиро, во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви, а режијата ја потпишува Дејан Пројковски.

Претставата е во соработка со Културен и информативен центар Битола и општина Битола.

Извор: КИЦ Битола


1100